КУЧКАТА БО
Човек сум, нели, ама се анализирам вака, и сваќам дека имам многу кучешки особини.
-Кога го оговарам маж ми, се наоѓам у поговорката рани куче да те лае!
-На газдата можам да му бидам верна како кучка.
-Многу пати сум гладна како кучка.
-Често пати, кога ќе ме разлуте некој, сум бесна како кучка. –
Можам да а дигнам опашката, да пуштам тај мирисо, и да стане штуење олеле мале. Тоа не само ја,таа способност еве да а речиме, а имат сите жени. Кога го оговарам маж ми, се наоѓам у поговорката рани куче да те лае!
Ако си ми мил, каа ќе те видам знам да ти се израдувам кату кучкичка. Ако ме настапиш на жуљо, т.е.опашката, ќе те уапам, бе! Тоа њухот ми работе кату на царинарско куче, елем па за дрога!? било каква, нема шанса да не ја намирисам, ма дека сака нека е скриена! Среќа шо полицијата ного работе и пред мене га наваѓа, па ме остават беспослена по тоа питање.
…има и други сличности, не ми текнуват сега у моменто, ама еве, чисто за споредба и за маабет, стига се и тие! Е сеа, дали у предходниот живот сам била кучка, јали у тај следнио ќе бидам-не знам! Би сакала у следнио да сам, супер ќе си поминам кату кучкичка, оти сега на тај живот, некак кату куче да си поарно е.А најтешко е па, кога кату куче те рачунат, а кату на човек ти судат, и ного ми доваѓа, бе! Тежок товар е тоа! А вака, кучка си, кучешката си га тераш, и никој не ти замера!